Невработените да го одложат редовното пријавување во центрите за вработување

134

Следејќи ги насоките на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот, Агенцијата за вработување ги известува сите невработени лица да го одложат редовното пријавување во центрите за вработување во термините што им биле утврдени на последното редовно пријавување, сè до истекот на важење на донесените мерки за заштита од коронавирус инфекцијата (24.03.2020 година), а истото ќе им биде оправдано од страна на Агенцијата за вработување.

По истекот на овој период, невработените лица треба да се јават во центрите за вработување, со цел продолжување на нивното редовно пријавување. Во случај на продолжување на заштитните мерки од страна на Владата, невработените лица ќе бидат дополнително известени.

Од Агенцијата за вработување, напоменуваат дека граѓаните имаат можност да ги користат електронските услуги на Агенцијата за вработување, кои се достапни на: порталот https://uslugi.gov.mk/, за издавање на:

  • историјат на работни односи,
  • извод од компјутерски запис – образец м1/м2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување,
  • потврда за неевидентирано лице,
  • потврда за евидентирано друго лице кое бара работа и
  • потврда за евидентирано невработено лице.

Фото: Pexels