Невработените да се пререгистрираат до 1 април во ФЗОМ

9

Здружението на приватни лекари на Македонија ги повикаа невработените лица, носители на здравствено осигурување најдоцна до 31 март да се пререгистрираат во подрачните служби на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Лилија Чолакова Дервишова, претседателот на Здружението, рече дека досега се пререгистрирале 50% од невработените осигуреници. Таа потсети дека согласно законските одредби начинот на исплата кај матичните доктори е по број на лица кои имаат активно осигурување.
“Сите пациенти кои на 1 април нема да имаат уредно здравствено осигурување, односно не се пререгистрирале во ФЗОМ, а ќе дојдат на преглед кај својот матичен доктор или кај специјалист, ќе мора да платат”, потенцира Чолакова Дервишова.
Воедно од името на Здружението, таа ги повика невработените осигуреници, да го почитуваат здравствениот систем, односно да ја завршат потребната пререгистрација во определениот рок до крајот на месецов.