НЛБ Кредити за физички лица со посебни поволности во месец февруари

74

Во текот на месец февруари, НЛБ Банка за сите оние кои размислуваат за нови можности и сакаат да ги остварат плановите за кои долго мечтаеле, нуди посебни промотивни поволности за кредитите за физички лица.

Имено, клиентите кои до 28 февруари ќе ја изберат НЛБ Банка за свој кредитен партнер и ќе аплицираат за потрошувачки, станбен или хипотекарен кредит имаат можност бараниот кредит да го добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на имот за кредитите со обезбедување на недвижен имот.

Дополнителна придобивка за клиентите е брзата и едноставна постапка за одобрување на НЛБ кредитите. Потрошувачките кредити се одобруваат единствено со лична карта, без дополнителна документација, а кредитот е достапен со само една посета на експозитура или пак со само неколку клика на апликацијата за мобилно банкарство, доколку клиентите го изберат целосно автоматизираниот мобилен кредит кој е во износ до 10.000 евра.

За корисниците на станбен кредит, НЛБ Банка, освен флексибилниот пристап, има и широка понуда на повеќе градежни компании за кои се овозможени поповолни услови за кредитирање и одобрување на кредитот без нотарски трошоци.

Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.