Обука за тренери за кариерно советување во Струга

42

Обука на тренери за кариерно советување за социјално вклучување на ранливите групи, со акцент на младите, преку создавање еднакви можности за пристап до пазарот на труд е целта на обуката во рамки на проектот за подобрување на социјална инклузија преку јакнење на вработливоста Отворена врата – за младите од младите, што се одржува во Струга. Организатор е Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со невладината КАБА од Словачка и ЕАСП од Македонија, јавува Миа.

Преку кариерното советување на младите се очекува да се подобрат нивните вештини, а со тоа да се зголеми нивната вработливост, целосно да се вклучат на пазарот на труд и во општеството.

Преку проектот се планираат повеќа активности со кои ќе се креираат социјални карти за деца и млади без родителска грижа, градење вештини на младинските работници кои функционираат во здруженијата и социјалните институции, отворање младински центри за информирање во Битола, Прилеп и Скопје и подготовка за вработување на младите со овозможување практична работа во приватниот сектор.