Од ЕУ 54 милиони евра за вработување, искористени само 14 милиони евра

22

evraЗа поттикнување на вработувањето и развојот на вештините за вработување во земјава се наменети вкупно 64 милиони евра, 54 милиони евра од Европската унија, а останатите се обезбедени од државниот буџет. Досега се распределени 14 милиони евра за тековни проекти, а има и такви што веќе се во фаза на потпишување. Сепак, се уште има и средства што чекаат да бидат распределени.

Станува збор за средства од Оперативната програма за развој на човечки ресурси што се спроведува од 2007 до 2013 година во рамки на четвртата компонента од Инстументот за претпристапна помош (ИПА).

“Вработувањето и градењето на услови за вработување се една од важните цели и затоа многу средства се одвојуваат за оваа намена. Имаме сеопфатна програма за развој на човечките ресурси што се спроведува во период од седум години. Целта е да се постигне поголема вработеност и вработувањата да бидат достапни до повеќе граѓани. Од една страна сакаме да ги зајакнеме институциите, а од друга страна да го подобриме животот на граѓаните и затоа финансираме во вештините и обуките за граѓаните”, истакна на денешната средба со новинарите Ингрид Сагер, шеф на Секторот за човечки ресурси во Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Таа оцени дека досега многу е постигнато, но оти сепак напредокот е многу спор.

“Од една страна сме задоволни, а од друга страна не сме. Се наоѓаме на почетокот на спроведувањето на програмата. Имаме едно до едно и пол годишно искуство во спроведувањето затоа што иако програмата се нарекува 2007-2013, првите години беа посветени на зајакнување на институциите за да можат да раководат со овие средства. Постојано соработуваме со владините партнери за да ја зголемиме ефикасноста на системот и се надеваме дека ќе ја забрзаме имплементацијата”, рече Сагер.

Досега нема точни податоци за тоа колку лица се вработени со овие програми,  но од ЕУ очекуваат попрецизни информации за една до две години.