Од први јануари ДДВ од 18 на 5% на занаетчиски услуги

165

Согласно измените и дополнувањето на Законот за данокот на додадена вредност од први јануари 2021 кај занаетчиските услуги ќе се применува повластена даночна стапка од 5% врз прометот што го вршат занаетчиите запишани во занаетчиски регистар согласно со Законот за занаетчиство и тоа поправка на:

  • велосипеди,
  • чевли и производи од кожа,
  • облека и постелнина за домаќинството (вклучувајќи крпење и прекројување) и
  • фризерски услуги

Фото: Freepik