Pixpay, старт – ап ќе учи деца над 10 години како да управуваат со својот џепарлак

68

Pixpay е француски старт – ап што има за цел да ја замени готовината што родителите им ја оставаат на децата како џепарлак. Секое дете постаро од 10 години ќе може да креира своја Pixpay сметка, да добие дебитна картичка и да управува со својот џепарлак, пишува Tech Crunch.

Она по што овој старт – ап е различен од другите е тоа што ја симна возрасната граница на нејзините корисници. Вообичаени се fintech стартапи што “преземаат“ дел од работата на традиционалните банки, но имаат едно главно барање – корисниците да имаат над 18 години.

Pixpay има и едукативен дел за тинејџерите, во којшто тие ќе можат да научат како самостојно да управуваат со своите финансии. Како главни конкуренти на францускиот старт – ап се Kard и Lydia, но овие fintech компании нудат банкарски услуги за лица постари од 14 години.

Фото: Facebook