Помалку од 60% од дипломираните во Македонија се вработени

42

Во Македонија само 57,2% од дипломираните лица на возраст од 20 до 34 години, во 2019 година, се вработени. Со ова земјава е најниско рангирана од сите европските земји и е далеку под просекот на Европската унија што е 80,9%.

Во 2012 година 44,8% од дипломираните биле вработени, една година подоцна 43,3% во 2014-та 42,6% од дипломираните на возраст од 20 до 34 години имале работа, додека една година подоцна тој процент достигнува 48%, за во 2016-та да биде 46,9%, во 2017-та 50%, а во 2018-та 49,2%.

Меѓу најниската стапка на вработени дипломирани, освен Македонија, имаат и: Турција (57,8%), Италија (58,7%), Грција (59,4%), Црна Гора (65,4%), Србија (66,5%), Франција (75,7%), Хрватска (75,8%)…

Податоците на Eurostat покажуваат дека најдобро е позиционирана Малта, бидејќи во оваа земја во 2019 година се вработени 93,4% од дипломираните лица. Потоа следува Германија со 92,7%, Холандија со 91,9% и Исланд со 91,5%. Меѓу земјите во ЕУ што имаат висок процент на вработени дипломирани млади луѓе се и: Норвешка (90,5%), Луксембург (89,4%), Австрија (89%), Шведска (88,7%), Швајцарија (87,9%), Чешка (87,3%), Унгарија (85,6), Данска (85,1%)…

Фото: Pexels