Повеќе туристи во Македонија и во април

19

stranci-leto-2012-3Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите кои во април биле регистрирани во Македонија изнесува 42.380, што е за 4,1% повеќе во однос на истиот месец лани.

Остварени биле 93.455 ноќевања, што е за 9,7% повеќе во однос на април 2012 година.

Бројот на домашните туристи во април е зголемен за 3,4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 4,5%.

Во однос на бројот на ноќевањата на домашните туристи во април годинава, споредено со април минатата година, тој е зголемен за 8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11%.

Од почетокот на годината, бројот на туристите е зголемен за 3,2% во однос на првите четири месеци од минатата година, а бројот на ноќевањата е зголемен за 5,9%.