Потпишан Меморандум за заедничка соработка помеѓу М6 Едукативниот центар и Технолошко-Металуршки факулте

9

В.Д. Деканот на Технолошко-Металуршки Факултет – Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, во Скопје, проф. др. Јадранка Блажевска – Гилев и Извршниот директор на М6 Едукативниот центар, Елена Младеновска – Јеленковиќ потпишаа Меморандум за заедничка соработка, чија цел е создавање и јакнење на заемната комуникација меѓу деловната и академската средина, каде и двете страни ќе имаат можност за вмрежување и размена на идеи и искуства, остварување на долготрајни контакти, како и создавање нови и подобрени наставни програми конкурентни на пазарот на трудот и усовршување на постоечките цели на учење.

За време на посетата на М6 Едукативниот центар, Младеновска – Јеленковиќ и Блажевска – Гилев разговараа за можностите за реализирање на понатамошни проекти и активности и друг вид на соработка во областа на едукативните, иновативните, истражувачките и апликативните активности, базирани на искористување на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови.

Исто така, соработката меѓу овие две институции ќе биде насочена и ќе придонесе за отворање на вратите од компаниите кои се членки на Одборот на Старатели на М6 Едукативниот центар или компании кои се во мрежата на М6, за старт на кариерата на студенти од Факултетот, како и можност за практична работа во М6 Едукативниот центар и компаниите соработници, за стекнување на дополнително работно искуство.