Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

22

Времето во Македонија ќе биде претпладне сончево со мала облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Од крајот на денот ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 11 до 25 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 21 степен.