Продолжен рокот за попис на пчелни семејства

87

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) им излезе во пресрет на барањето на одглeдувачите на пчели и го продолжи рокот за спроведување на пописот на презимени пчелни семејства до 15 јуни.

“Со донесување на Правилникот за дополнување на Правилникот за начинот и постапката за идентификација и регистрација на пчелите, пчеларите кои досега не ја спровеле оваа активност во пчеларниците, тоа ќе можат да го сторат до средината на месецот и бројната состојба да ја пријават до ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор“, рече директорот на АХВ, Николче Бабовски.

Евидентирањето на бројната состојба на презимени пчелни семејства во Ветеринарно информативниот систем на Агенција за храна и ветеринарство (ВИС), е услов за алицирање на одгледувачите на пчели за добивање на земјоделски субвенции.

Фото: Freepik