Седум приоритети на технолошките лидери

103

Сите веќе го знаеме ова – информатичката технологија стана составен дел од бизнисот. Тоа значи дека денешните ИТ лидери веќе имаат лидерски улоги во организациите во кои работат – тие се „десната рака“ на бизнис лидерите. Што е потребно сега за успешно насочување на технолошкиот развој на една организација?

Денес, технолошкиот лидер мора да биде „активист“ во градењето на односите меѓу луѓето и технологијата, според Пол Доерти и Х. Џејмс Вилсон, експерти во Accenture. Тие ја презентираат тезата во нивната претстојна книга „Radically Human: How New Technology is Transforming Business and Shaping Our Future“.

Според двајцата, луѓето и технологиите во една компанија веќе се споени во легура, чии квалитети ќе се подобрат, благодарение на активната улога на ИТ директорот.

Во истражувањето на Accenture, 80% од директорите веруваат дека ИТ системите на иднината ќе обезбедат беспрекорна интеракција на технологијата со луѓето. Покрај тоа, 78% веруваат дека дотичните системи ќе бидат приспособени да одговараат на човечкиот стил на работа.

„Бидејќи интелигентните технологии ќе бидат широко распространети на работното место, како и во секојдневниот живот, ќе биде најважно да се дизајнираат овие системи така што тие да бидат радикално човечки со цел да се донесе максимален принос“, велат експертите, цитирани од ZDNet.

Авторите препорачуваат денешните ИТ лидери да следат седум приоритети за да го извлечат максимумот од оваа конвергенција:

1. Промовирање на „радикално човечки“ технологии: ова е концепт кој се однесува на природната комуникација на луѓето со машините. „Употребата на технологии како обработка на природен јазик, компјутерска визија, препознавање глас и машинско учење… ја прави интеракцијата човек-машина полесна и поефикасна“, велат авторите. „Компаниите сега можат да ги преиспитаат системите за да создадат услови за нови односи „човек-машина“.

2. Транзиција кон облакот: „Ефективните лидери ќе ја намалат зависноста од наследените дигитални системи за да го нагласат облакот“, велат Доерти и Вилсон. „Тие ќе избираат софистицирани облачни услуги, искористувајќи ги предностите на растечката разновидност на начини за организирање и оркестрирање на мрежните архитектури за да ја зголемат брзината, флексибилноста и одговорноста.

3. Нови технологии за смислена работа: технолошкиот лидер во 2020-тите користи облачни услуги, „за да се подобри соработката меѓу вработените и да се промовираат амбициозни проекти кои покриваат многу деловни функции и географски локации. Го користи облакот за да ја направи работата поинтересна, да ја заснова на достапни податоци, да ги намали повторливите задачи и рачната поддршка“.

4. Време е да се размислува за „работ“: денешните и утрешните лидери ќе вградат периферно пресметување во облачните архитектури за да се осигураат дека она што се случува на локално ниво ќе стане основа за она што е познато на централно ниво, и обратно. Тоа во периферијата се претвора во патот кон знаењето во облакот. А облакот станува средство за ширење на големо знаење до периферијата, односн до „работ“.

5. Одлично владеење на технологијата надвор од ИТ одделот: технолошкиот лидер во 2020-тите ќе ги наведе луѓето да го преиспитаат „начинот на кој специјалистите и неспецијалистите комуницираат со машините“. Технолошките директори ќе ги вооружаат експертите од други области со одлично владеење на дигиталните алатки, за да можат да развијат креативни решенија за примена на вештачката интелигенција во бизнисот.

6. Вклучување луѓе: Според двајцата експерти, во „циклусот“ треба да се вклучат луѓе од деловна организација за да можат директно да ги наметнат своите вродени и стекнати човечки способности на системите за вештачка интелигенција. Ова треба да доведе до најдобрата комбинација на човек и машина. Луѓето можат да се посветат на креативноста, додека машините им обезбедуваат „натчовечка ефикасност“, пишуваат Доерти и Вилсон.

7. Холистички поглед на ИТ: Организациите кои успешно ги комбинираат своите деловни и технолошки стратегии и работат на пронаоѓање на најдобрата комбинација ќе можат да создадат единствена вредност со невидена флексибилност, предвидуваат двајцата аналитичари. Ова ќе им даде можност на дотичните организации да ги „фатат“ пазарите во развој, без разлика колку брзо се менува светот.