Седум тајни на успехот

77

uspeh-pixabay-2

Фото: Pixabay

Порано или подоцна секој претприемач ги дознава тајните на успехот.

Решение на еден проблем може да реши многу повеќе

Решавањето на еден проблем понекогаш може да ги реши сите. Бизнисот умее да дојде до критична точка и тогаш претприемачите гледаат само проблеми. Клучно е тогаш да се потсетиме на ова правило, дека со решавање на еден можеме да решиме уште многу проблеми врз основа на внатрешни системски врски.

Успехот е многу повеќе од листа со постигнувања

Треба да се учи и од постигнувањата и од неуспесите, со цел да се продолжи напред без разлика на околностите. Ако сте храбри и знаете каде одите, и едното и другото се подеднакво корисни за подвизите на долги патеки.

Успехот е создаден за да биде менлив

Статичност, рамна линија без падови и подеми значи дека ништо не се случува. Претприемништвото е постојана потрага на одредени периоди на нестабилен успех. Клучот на долготрајниот успех е во движењето напред и прифаќање на фактот дека сите случувања секогаш ќе бидат во движење.

Слабостите се скриени силни страни

Слабостите се еден вид на семе од коешто никнува најголемата сила. Во спротивно, неконтролираните силни страни најчесто се претвораат во слабости. Всушност, најсилните добри страни на човекот, како храброста и понизноста, можат да израснат од слабоста.

Знаењето е само приближување кон реалноста

Ако сакате да успеете, морате да имате знаење. Но, мора да умеете истото да го предизвикувате. Доколку цврсто се држите за постоечкото знаење како да е апсолутна вистина, тоа станува почеток на еден иден неуспех. Во денешниот брзодвижечки и менлив свет, знаењето може да е краткотрајно колку еден миг.

Присвојте гледиште кон светот што ја подобрува вашата визија

Визијата на иднината ги дефинира вашите цели. Ако вашето гледиште кон светот има суштински недостатоци, вашата визија нема никогаш да се реализира. Успешните претриемачи имаат големо разбирање од бизнисот, економијата и животот воопшто, што се рефлектира во нивниот поглед на светот.

Емпатијата во голема мера придонесува за успех

Вистинската емпатија е поврзана со самодовербата. Aко знаеме кои сме и што сакаме, полесно ќе ги разбереме другите и поефикасно ќе се поврземе со нив, независно од ситните разлики во вкусови, стилови и слично. Слично на тоа ќе умееме да ги одбереме нашите партнери, соработници и вработени со јасна цел.

Извор: Entrepreneur