Selfie Harm – проект за штетното влијание на социјалните медиуми врз младите

34

Фото: Rankin

Британскиот фотограф, Џон Ренкин Вадел со својот проект наречен Selfie Harm ја прикажува улогата на социјалните медиуми врз младите. За потребите на проектот тој фотографираше група тинејџери на возраст од 13 до 19 години, а потоа истите фотографии ги едитираа самите учесници со помош на онлајн апликации.

Facetune, SelfieCity, RetouchMe и останатите слични апликации денес се многу користени особено од страна на младите. Тие овозможуваат целосна измена на лицето со цел да се добие посакуваното селфи за споделување на социјалните мрежи, но проблемот е во тоа што се развива еден вид на зависност, пишува Engadget.

Ренкин го спроведе овој проект заедно со агенциите M&C Saatchi and MTArt како дел од изложбата Visual Diet. Според него, резултатот од премногу користење на селфи апликации и менување на сопствената слика, доведува до психички проблеми кај младите. Тој вели дека и индустријата со идеализираните рекламни лица прави младите уште повеќе да сакаат да го менуваат својот лик и со тоа се создава еден вид на виртуелна зависност.

Целта на проектот е да се помогне во борба против лажната реалност на социјалните медиуми и наметнатите лажни идеали за убавини коишто, за жал, денес многу негативно влијаат врз младата популација.