Шест најчести грешки при инвестирање

35

investicija-1-pixabay

Фото: Pixabay

Правењето портфолио што ќе ви ја донесе саканата добивка бара квалитетна инвестициска политика, но за жал, во таа работа грешките се многу чести. За да ги избегнете, дознајте кои пропусти се најчести:

Не вложувајте без дефинирани основни правила

Пред да инвестирате и еден денар, морате да ја дефинирате својата толеранција на ризик, целта на вложувањето и временскиот хоризонт. Доколку не ги дефинирате основните правила на вложување, ќе ви биде многу тешко, ако не и невозможно да изградите портфолио кое ќе ви ги даде саканите резултати.

Не ја префрлувајте одговорноста на друг

Парите што ги вложувате се ваши, како и имотот, односно акциите. Никој освен вас не треба да одлучува за тоа дали треба да купите или продадете акции, односно дали парите да ги штедите или да ги инвестирате во некој фонд. Доколку премногу се потпирате на другите, секогаш ризикувате да изгубите пари дури и кога не сте морале.

Не губете пари

Опоравувањето од неуспешно инвестирање може да трае со години, затоа не го игнорирајте штедењето или оние инструменти на инвестирање кои носат помала добивка, но ви пружаат далеку посигурна инвестиција.

Не се концентрирајте на една класа имот

Освен ако немате посебно одредена инвестициска цел, распоредувањето е клуч за изработка успешно портфолио. Вложувањето во различни класи имот (штедење, акции, пензиски фондови) го намалува ризикот од голема загуба. Причината е едноставна, ако на една инвестиција губите, на друга заработувате.

Не ги инвестирајте сите пари во една индустрија

Мора да се погрижите вашите инвестиции да претставуваат широк дел на берзата. Многу инвеститори прават грешка нагласувајќи го премногу своето портфолио на многу видливи сектори. Треба да имате разноликост во своето портфолио, но морате да направите разлика меѓу активно и пасивно вложување.

Не инвестирајте долгорочно во акции со “добра приказна”

Една од најчестите грешки што ги прават инвеститорите е тоа што долгорочно инвестираат во акции на претпријатија чиј раст се очекува на основа на “приказна”. Ако, на пример, некоја компанија најавува нов производ или инвестиции, таа приказна можеби ќе ја поткрене цената на акциите на краток период. Меѓутоа, погрешно е да се мисли дека само на основа на приказна цените долгорочно ќе растат.