Што е фузија?

207

Од економска гледна точка фузија значи спојување, односно здружување на две или повеќе претпријатија (стопански организации) во едно. Преку неа ce пренесуваат сите права и обврски на новата организација, односно претпријатие.

Постојат вертикална фузија (каде што има фазна поврзаност на производството:суровина и преработка),
хоризонтална фузија (обединување на претпријатија што произведуваат ист производ) и мешана фузија (спојување на претпријатија од различни дејности).

Целта на фузијата е обезбедување сигурност во конкурентската борба, повисока профитна стапка, стекнување монополска положба и со тоа здобивање монополска корист. Co фузијата ce искористуваат економските предности на поголемите стопански организации, односно предностите на она што ce нарекува економија на голем обем .

Фузијата претставува една од формите на централизација на капиталот.