Што не смеете да кажете/правите на интервју за работа

35

Можеби мислевте дека се одлично помина и дека им се допаднавте на луѓето од компанијата. Но, сепак не добивте повратен повик или ви се јавија само за да ви кажат дека не сте ја добиле работата.

Дури и искусните можат да згрешат поради низа причини, а подолу се работите што (следниот пат) не смеете да ги правите и кажете на интервју за работа.

Не смеете да зборувате негативно за претходниот работодавач, без разлика колку лошо искуство сте имале.

Не смеете да кажете дека имате испланирано годишен одмор, пред да ја добиете работата.

Да прашувате за плата, пред да ви биде поставено прашањето од страна на тој што ве интервјуира.

Да се интерсирате за дополнителни бонуси и да се обидувате да добиете нешто екстра пред да ви биде дададена работата.

Да се јавите ако ви ѕвони мобилниот телефон.

Да изгледате очајно и да молите да ви ја дадат работата.

Да не одговорите на некое прашање.

Да кажете дека се уште не сте средиле кој ќе ви ги чува децата или дека наскоро ќе обезбедите автомобил (што сигурно ќе ви треба за на работа)

Да не поставите прашање во врска со компанијата и работното место.

Да не знаете за која позиција аплицирате и да ги прашувате луѓето што го прават интервјуто.

Да седите неумесно и да изгледате нервозно.

Да се извинувате.

Фото:Pixabay