Со возила на велешки БРАКО ќе се чистат скопските улици

173

Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје, по распишаниот тендер за набавка на 10 специјални комунални возила и останати возила (кипер, цистерни, метлачки) склучи договор со Друштвото за производство, трговија и услуги БРАКО ДОО, увоз – извоз Велес.

Тендерот е во вредност од 63.602.000 денари или 1.034.179 евра. Вредноста на склучениот договор без вклучен ДДВ е 53.900.000 денари, а износот на ДДВ е 9.702.000 денари.