Сончево и топло, попладне нестабилно

17

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во северните делови од земјата ќе има локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 22 до 34 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 31 степен.