Сообраќајот без забрани, по влажни коловози

16

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по влажни коловози. Сообраќајот на патниот правец Удово-Валандово кон поради обилни врнежи на дожд беше отежнат, утринава е нормализиран.

На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот.

На автопатот Е-75 на патниот правец Велес-Скопје во тунелот кај Катланово поради изведување работи на електричната мрежа-осветлување, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Се очекува работите да потраат околу еден месец.

АМСМ препорачува да се обрне посебно внимание на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

АМСМ ги потсетува сите возачи дека законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15.03.2013.