Србија со револуционерни промени во земјоделското осигурување: До каде е Македонија во овој сектор?

62

Земјоделството во Македонија е една од најзначајните стопански гранки. Оваа гранка располага со повеќе од 190.700 хектари земјиште и има регистрирано над 70.000 земјоделци. Во Македонија има голем број на култури кои се одгледуваат во земјоделството, но има и голем опсег кои осигурувањето покрива. Тоа се индустриските култури, овошните насади, лозовите насади и градинарските култури.

Секоја инвестиција којашто е паметно направена носи добивки за сите страни. Токму со осигурувањето, земјоделците прават одличен потег во насока на сигурност на посевите и родот којшто треба да биде со врвен квалитет. Ризиците како гром, град и пожар се оние од кои осигурителните компании го заштитуваат земјоделецот и неговата работа. Покривањето на овие ризици ги нудат сите компании, но исто така може и сами да побараат дополнително осигирување за пролетен дожд и поплава. Властите субвенционираат  60% доколку се решите да го осигурате вашиот род.

Како е осигурувањето на посеви во Србија

Во Србија оваа година е историска во однос на штета во последните неколку децении. Со тоа оваа држава е пред голем предизвик. Односно да ја постави сцената на осигурителните компании да не губат пари со продажба на полиси. Но, сепак српските земјоделски производители со една цел да бидат задоволни кога ќе ја купат осигурителната полиса. Црвениот аларм се вклучи кога се презентираа податоците кои покажаа разочарувачки податоци. Само 10 до 12% од обработливото земјиште е под осигурување, што е исклучително ниско во Србија. Државата во Србија досега исплаќаше и субвенциораше 40% од премијата за осигурување. Сега Владата на Србија е решена да направи револуционерни промени. Промените се однесуваат за  подрачја каде заедно со Републичкиот хидрометереолошки завод Владата ќе процени дека имало многу штети во последните неколку години. Таму ќе се зголемат субвенциите на 70%. Воедно, ќе се организираат и дополнителни едукативни презентации околу осигурувањето во земјоделството. Ќе бидат изведени едукативни трибини за земјоделците како да го искористат осигурувањето и да ги ублажат последиците од временските неприлики.