Топ-5 половни автомобили под 5.000 евра

132

Новинарите на Auto Bild составија листа на половни автомобили до 5.000 евра кои се најсигурни во однос на дефекти и издржливост.

 Alfa Romeo GT (2003-2006), моќност од 140 до 240 КС – 2.500 евра

Можете да најдете модели како овој со километража под 200.000 и се доста достапни. Моделот „Alfa GT“ со две врати, изграден на платформата 156, е веројатно најелегантниот автомобил од својата класа во оваа ценовна гама, пишува „Auto Club“.

Колку подоцна годината на производство, толку подобро, бидејќи првично неквалитетната изработка подоцна е поправена.

Може да имате проблем со цревото помеѓу турбополначот и интеркулерот на моделот „JTD“ бидејќи често треба да се замени. Исто така, треба да се избегнува озлогласениот менувач „Selespeed“.

Kia Picanto (2004-2011), моќност од 65 до 75 КС – од 1.300 евра

„ESP“ е воведен во автомобилот само со фејслифтот во 2008 година. Сепак, безбедносната електроника не беше стандардна, затоа при купувањето проверете дали „ESP“ е навистина вклучен во пакетот на опремата.

Ќе задоволи и со својата потрошувачка која не надминува шест литри. Внимавајте на корозија и може да има дополнителни трошоци при менување на комплетот за куплунгот.

Audi A2 (1999-2005), моќност од 61 до 110 КС – од 2.500 евра

Овој мал автомобил со целосно алуминиумска конструкција е повеќе баран по фејслифтот во 2003 година со моќен дизел (90 КС). Тој нуди пристоен комфор, а моторите се многу економични.

Обрнете најмногу внимание на сопирачките и суспензијата. Освен тоа, квалитетот на градбата е солиден.

За просечна цена од 3.000 евра се добива А2 со 200.000 км, кој сепак е стар околу 20 години. Цените на резервните делови може да бидат високи.

Honda Jazz (2008-2015), моќност од 80 до 120 КС – 4000 евра

На многу тестови на користени возила со помината километража од 100.000 км, добил највисоки оценки.

Хондите се традиционално мудар избор при купување половни автомобили поради нивната долговечност, но треба да проверите дали корозијата влијаела на суспензијата на автомобилот, а задните сопирачки понекогаш може да предизвикаат проблеми.

Škoda Roomster (2006-2015), моќност од 64 до 105 КС – 2.000-2.500 евра

Има компактни димензии, економичен е и нуди многу простор во задниот дел.

Најдобро е да изберете атмосферски мотор од 1,6 литри со ремен, што би било добро да се провери по 90 илјади километри.

Сопствениците на овој користен автомобил повремено пријавуваат зголемена потрошувачка на масло.