УЈП нема да доставува решенија за присилна наплата додека траат препораките за заштита

57

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека нема да презема никакви дополнителни мерки и да доставува решенија за присилна наплата.

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека нема да доставува решенија за присилна наплата од парични средства по основ на сите даноци и други јавни давачки (глоби, судски такси), за сите оние обврзници кои ги немаат подмирено своите обврски кон УЈП.

Оваа мерка ќе важи сè додека траат препораките и мерките на Владата и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширењето на коронавирусот.

Фото: Pexels