Вештачка интелигенција детектира скриени предмети во темница

21

Инженери од MIT создадоа вештачка интелигенција што може да открие скриени предмети во целосен мрак. Тимот го тренираше компјутерскиот систем да распознае повеќе од 10.000 транспаренти шеми, врз основа на екстремно зрнести слики од истите шеми. Оваа техника користи длабока мрежа за да забележи објекти во темница.

Добиените резултати покажаа дека оваа техника може да се користи за осветлување на транспарентни предмети, но и организми како биолошки ткива и клетки, во фотографии направени на минимална светлина.

Системи базирани на вештачка интелигенција коишто пронаоѓаат и репродуцираат скриени предмети ќе можат да се искористат за повеќе намени. Би биле од полза за ноќно фотографирање и астрономија, но истражувачите од MIT најмногу сакаат оваа технологија да ја применат во медицината. Со неа би се елиминирала потребата од радијација, а со тоа и штетата што истата ја предизвикува врз ткивата.