Во Македонија имало 71. 228 активни фирми во 2022 година

18

Доминација на малите фирми – 84.2 % со најмногу девет вработени 

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните претпријатија во Република Северна Македонија, во 2022 година, изнесува 71 228.

Податоците за структурата на активните претпријатија по сектори на дејност покажуваат дека во 2022 година најголемо учество има секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 30.4 %.

Податоците за структурата на активните претпријатија според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 84.2 % имаат претпријатијата со 1-9 вработени. Потоа следат претпријатијата без вработени и претпријатија со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 5.9 %, па претпријатијата со 10-19 вработени со 4.6 %, потоа претпријатијата со 20-49 вработени, чие учество изнесува 3.0 %, со 2.0 % учествуваат претпријатијата со 50-249 вработени и само 0.3 % од активните претпријатија имаат над 250 вработени.