Во март 415 одобренија за градење – предвидена изградба на 478 станови

31

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2023 година се издадени 415 одобренија за градење, што е за 11.3 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 589 059 илјади денари, што е за 21.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 (53.0 %) се наменети за објекти од високоградба, 108 (26.0 %) за објекти од нискоградба и 87 (21.0 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 415 објекти, на 229 (55.2 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 186 (44.8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 478 станови со вкупна корисна површина од 53. 346 м2.