Во септември годинава Македонија ја посетиле 63.827 туристи

18

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2013 година изнесува 63.827, а бројот на ноќевањата 156.515.

Бројот на туристите во септември годинава, во однос на септември лани, е зголемен за 5,6%, а бројот на ноќевањата е намален за 5,9%. Бројот на домашните туристи во септември 2013 година, во однос на истиот месец во 2012 година, е намален за 12,1%, додека бројот на странските туристи е зголемен за 14%.

Бројката на ноќевањата на домашните туристи во септември годинава, во однос на септември минатата година, е намален за 18%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 1,1%.

Во периодот јануари-септември 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4,9%. Кај домашните туристи има намалување за 3,4%, а кај странските има зголемување за 12,7%.

Во истиот период споредено со лани, бројот на ноќевањата е намален за 0,8% и тоа кај домашните туристи има намалување за 5,3%, а кај странските има зголемување за 7,6%.