Втор модул од обуката за наплата на побарувањата на CEED Македонија и EOS Матрих

24

vtor modul naplata ceedВториот модул од Тренинг програмата за наплата на побарувањата на CEED Македонија и EOS Матрих ќе се одржи утре, среда, во просториите на CEED Македонија. Модулот ќе биде на тема “Процедури и политики за наплата во финансиите”, а предавачи ќе бидат Билјана Киселички, финансиски консултант од Кавета групација и Ана Николовска – Ристовски, оперативен директор во EOS Матрих.

Фокусот на вториот модел е ставен на финансиските инструменти за наплата. На обуката ќе биде разгледана потребата од градење на систем за наплата, методи за наплата, пресметки на максимална задолженост на компанијата, рејтинг листа и негативна листа на компании неплаќачи, контрола и мониторинг, како и алатки за комуникација со клиентите – должници.

Во рамките на оваа програма, останува да се разработи уште третиот модул, Политики и процедури за наплата – правни аспекти, кој ќе се фокусира на правните механизми за превенција од лоша наплата како и наплата во фаза на долг.