За една деценија цените на домовите повисоки за над 28%

17

За една деценија наемнините во земјите членки на Европската унија пораснаа за 14,9%, а цените на куќите за 28,6%, покажуваат податоците на Eurostat.

Ако се направи споредба меѓу последниот квартал од 2020 година и цените на куќите во 2010 година имаа поголем пораст одошто наемнините во 18 земји членки на ЕУ. Цените на куќите се зголемија во 23 земји членки, а во четири забележаа на намалување.

Најголем пораст на цените на куќите има во Естонија и тоа за 112,8%, по што следат: Луксембург (99,8%), Унгарија (90,6%), Латвија (85,6%) и Австрија (81,4%). Од друга страна, најголем пад има во: Грција (-28,1%), Италија (-15,2%), Шпанија (-5,2%) и Кипар (-3,4%).

Фото: Pixabay