Заваровалница Триглав ја задржа бонитетната оценка

21

triglav

Агенцијата за кредитен рејтинг А.М.Best во рамките на редовната годишна ревизија, повторно ѝ додели на Заваровалница Триглав бонитетна оцена “А-“ (одлично) за финансиска моќ, како и “а-“ (одлично) бонитетна оцена за кредитна способност за издавање. Обете бонитетни оценки се одраз на сигурната капитализираност, прилагодена според ризикот, континуирано добрите бизнис резултати, како и водечката позиција на Групацијата Триглав на словенечкиот пазар и во регионот Адриа, стои во соопштението на компанијата.

Среднорочната прогноза за кредитен рејтинг на Заваровалница Триглав е оценета како “позитивнa”. Агенцијата за кредитен рејтинг, оваа оцена ја образложува со одличните перформанси на компанијата во изминатите пет години и ветувачките деловни прогнози. Во југоисточна Европа Групацијата Триглав и покрај тешките услови за работа на осигурителните пазари, продолжи да ги подобрува деловните резултати и да ги спроведува планираните активности за натамошен раст, согласно стратешките цели. Прогнозата, дополнително ја рефлектира цврстата капитална адекватност и соодветноста на управувањето со ризици.

Истите оценки од страна на агенцијата за кредитен рејтинг А.М.Best се потврдени и за Позаваровалница Триглав РЕ, со што се потенцира клучната улога и придонесот на Позаваровалница во остварувањето на стратешките цели на Групацијата Триглав. Бонитетните оценки имаат стабилна среднорочна прогноза.