Зголемени и извозот и увозот – Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија

129

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2022 година, изнесува 511 444 064 илјади денари и бележи пораст од 19.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – декември 2022 година, изнесува 747 191 286 илјади денари, што е за 25.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2022 година, изнесува 235 747 221 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2022, изнесува 68.4 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари – декември 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

 Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2022 година, изнесува 8 299 582 илјади евра и бележи пораст од 19.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 12 125 228 илјади евра, што е за 25.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2022 година, изнесува 3 825 646 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2022 година, изнесува 8 729 356 илјади САД долари и бележи пораст од 6.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 12 756 765 илјади САД долари, што е за 12.0 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2022 година, изнесува 4 027 408 илјади САД долари.