11 Октомври – Еурокомпозит доби одобрение за издавање на четвртата емисија на хартии од вредност

36

eurokompozit

Комисијата за хартии од вредност на Друштвото за производство на производи со посебна намена 11 Октомври – Еурокомопозит АД Прилеп му даде одобрение да издаде четврта емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.

Станува збор за 128.702 обични акции во вредност од 40.553.457 денари. Со четвртата емисија на акции се врши зголемување на основната главнина на Друштвото за производство на производи со посебна намена 11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп со непаричен влог, наменета за Република Македонија, со што акциите ќе бидат преземени од страна на Владата на Република Македонија како институционален инвеститор.

На седницата што се одржа на 25 ноември 2015 година, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови пет дозволи за работење со хартии од вредност.