Европската Унија, во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка, ќе ја финансира реконструкцијата на реката Брегалница во централното градско подрачје на Берово.
Активностите се дел од проектот Обнова на животната средина за поквалитетен живот и чинат 500 илјади евра. Реконструкцијата почнува денес а ќе се реализира во соработка со бугарската општина Сандански.
Половина од финансиите се наменети за уредување на кејот во централното градско подрачје на Берово, како и за изградба на пешачка и велосипедска патека и скејт парк со површина од 500 метри квадратни.