Што е сопственост?

544

Фото: Pexels

Сопственост или посед е било каков физички или нематеријален ентитет што е во сопствeност на личност или група на луѓе или правно лице како корпорација. Во зависност од природата на поседот, сопственикот на поседот има право да го троши, продава, изнајмува, става под хипотека, трансферира, заменува или уништува.

Сопственост претставува определени односи меѓу луѓето, што ce формираат во врска со производството и присвојувањето на резултатите од производството. Производствените односи ce изразуваат како сопственички односи и покажуваат во чии раце ce наоѓаат средствата за производство. Секое општество ги заштитува доминантните производствени односи со правни норми како сопственички односи. Сопственоста се дефинира како право на располагање со производни добра – средства за производство и како право на располагање со потрошни добра, т. е. со добра за лична потрошувачка.

Законите за сопственост може да варираат во голема мера меѓу земјите во зависност од природата на имотот на интерес (на пр. огнено оружје, недвижен имот, лични предмети, животни). Лицата може да поседуваат имот директно. Во повеќето општества правните лица, како што се корпорации, фондови поседуваат сопственост.

За современиов (мешан) капитализам ce карактеристични неколку облици на сопственост: приватна, колективна, мешовита (приватно – државна) и јавна (државна).