Пред 20 години Сара Блекјли беше само една обична продавачка на факс машини, која одеше од врата на врата обидувајќи се да заработи за пристоен живот. Денес нејзиното име го слават многу жени во светот. Блејкли е сопственичка и основач на компанијата Spanx. Таа е жена без семејно богатство, без богат сопруг и без никакви инвеститори успеа да развие бизнис којшто денес вреди повеќе од милијарда долари. Но, пред тој успех Блејкли често се соочувала со неуспех.
Единствен неуспех е воопшто да не се проба
Родена е на 27 февруари 1971 година во Флорида. Нејзиниот татко бил адвокат, а мајка ѝ уметник. Од мали нозе покажувала претприемнички дух. Често за Ноќта на вештерките дома правела “проколната куќа“, а потоа од соседите наплатувала влезници.
По завршување на средното училиште сакала да стане адвокат како нејзиниот татко, но бидејќи не го поминала приемниот испит и тоа два пати, морала да ги промени плановите. Запишала комуникациски смер на Универзитет во Флорида. По завршување на факултетот, не можела да пронајде работа и прифатила работа во забавниот парк Disney World, каде работела и како стенд ап комичарка. Потоа, пронашла работа во компанијата Danka и почнала да продава факс машина од врата до врта. И покрај тоа што често се соочувала со затворени врати, не се откажувала и брзо добила унапредување.
Како се роди идејата
Нејзината улога како продавачка е заслужна за нејзиниот изум. Бидејќи работела како продавачка, морала да носи хулахопки. Ѝ се допаѓало тоа што горниот дел од чорапите го обликуваат телото, но не и се допаѓало тоа што морала да носи хулахопки на отворени чевли. Така една вечер, пред одење на забава, го исекла долниот дел од хулахопките и ги облекла под пантолони. Иако хулахопките се дигале, го добила саканиот ефект, можела да носи отворени сандали. И идејата за затегнувачки хулахопки без прсти е родена.
Додека уште работела за компанијата Danka, ја развивала својата идеја со сопствена заштеда. Но проблем било да најде производител. Отпатувала во Северна Каролина и ја претставила својата идеја, но била одбиена од многу производители.
Кога се вратила дома добила повик од еден производител кој се предомислил и одлучил да го поддржи нејзиниот концепт, бидејќи го советувале неговите ќерки кои биле воодушевени од идејата.
Првите чорапи без прсти ги носеа Блејкли, нејзината мајка и нејзините пријатели, а таа понатаму ги развивала користејќи го сопственото искуство. Па открила дека сите чорапи, но и килоти, користеле иста големина на ремен, па решила да направи различни големини. По патентирање на пронајдокот, работела на дизајнот на пакувањето. Покрај тоа што користела црвена боја за да го спакува производот, таа користела и анимирани ликови од три жени со различен изглед, што до тогаш никој од производителите во индустријата не го сторил тоа.
Сите тие напори и инвестиции во развојот на производот се исплатеа бидејќи таа беше во можност да организира состанок со претставниците на групацијата Neiman Marcus. Таа не ги импресионирала толку со својата презентација како со фактот дека “влече“ жена од состанокот до тоалетот, каде и ја претставила разликата помеѓу носење панталони без хулахопки што стегаат и без прсти. Жената била воодушевена и наскоро нејзиниот производ се најде на полиците на седум различни продавници во седум различни градови. Блејкли се плашеше дека производот нема да се продава, па реши да направи нешто за тоа.
Во 2000 година, Опра Винфри ги нарече Spanx една од нејзините омилени работи дотогаш на нејзиното шоу, што доведе до неверојатно зголемување на продажбата. Како што расте продажбата, така расте продажбата и во други продавници, како што се Bloomingdales, Saks и Bergdorf Goodman. Дури тогаш Блејкли се повлекла од компанијата Danka. Во првата година се продадоа производи на Spanx во вредност од четири милиони долари, а втората година за 10 милиони долари. Во 2001 година, Блејкли потпиша договор со трговскиот канал QVC. Во првите шест минути беа продадени повеќе од 8.000 хулахопки.
Фото: Facebook