Ад Вербум за прв пат на Саемот на книга

277

k2

Ад Вербум веќе 12 години се занимава со професионални преведувачки услуги, организација на конференции и настани. Но, последните години, оваа компанија активно се занимава и со издаваштво, па така во своето портфолио има голем број на преведена и издадена стручна литература од различни области: медицина, информатика, транспорт, телекомуникации, градежништво.

Затоа оваа година за прв пат ќе настапат на Саемот на книга, кој ќе се одржи од 04.04.2017 (вторник) до 10.04.2017 (понеделник), каде што ќе имаме можност да погледнеме на што сè работеа изминативе години.

k3

Најатрактивна, според нив, ќе биде едицијата PRO MACEDONIA, каде за прв пат на македонски јазик ќе се објават 80 наслови посветени на македонската историја и на македонската борба. Теми за единството на македонското ослободително движење, поставување на македонското прашање, задачите на македонската младина во странство, вклучувајќи ги и биографиите за Гоце Делчев, Васил Чакаларов, Даме Груев, Андон Ќосето и Христо Матов. Бугарија и македонското прашање, Писма за Македонија и македонското прашање, Балканската криза, Политиката во Германија и проблемите на Балканот, се само дел од атрактивните наслови на оваа едиција. Накратко – задолжителна збирка за секоја домашна библиотека.

Не помалку интересни ќе бидат и едициите Ѕвездите на светската книжевност, каде се застапени познати бестселери, мемоари, избрани дела и творби на добитници на светски признанија. Сето тоа преведено на македонски јазик! Тургењев, Кафка, Вирџинија Вулф, Едгар Алан По и Стивенсон се само дел од нив.

k4

За првпат собрани во една едиција на македонски јазик се делата на албански и турски книжевници во Македонија.

И за крај, Ад Вербум препорачува да не се пропушти едицијата Светско книжевно богатство, каде е направен избор на добитници на некои од најпознатите награди за книжевност, како Букер, Пулицер, Гонкур, Стрега, Руски букер, Бихнер и Ханс Кристијан Андерсен.

ad-verbum