Агенцијата Марили донираше апарат за кор биопсии и рана детекција на карцином

17

Апарат за кор биопсии и рана детекција на карцином, со сет од сто игли доби Клиниката за радиотерапија и онкологија.
Станува збор за донација на Агенцијата Марили и жените менаџери од 41 компанија од Македонија. Средствата за набавка на апаратот, соопштија од Агенцијата, се собрани преку хуманитарен проект Жените за жените спроведен по повод одбележување на 18-годишнината од организирањето на манифестацијата Избор на најуспешни жени менаџери од РМ.
Апаратот, како што се наведува, ќе помогне особено во раната детекција и лекување на карциномот кај специфичните органи на жената.
Според директорот на Клиниката, Милан Ристески, апаратот за кор биопсии ќе овозможи да не се боцкаат пациентите повеќе пати, туку првото земање материјал ќе биде доволно да се постави дијагноза и да не се губи време, што е најважно за тој вид на болести.