Airbnb купува стартап за нешто помалку од 200 милиони долари

47

Airbnb ја направи својата прва аквизиција како јавна компанија, во зделка вредна нешто помалку од 200 милиони долари, изјавија за CNBC извори запознаени со договорот.

Стартапот се вика GamePlanner AI, кој е во „стелт режим“ од своето основање во 2020 година. Стелт-стартапи работат надвор од очите на јавноста од различни причини, како што се заштита на интелектуалната сопственост или избегнување на одвлекување на вниманието. GamePlanner.AI ќе забрза некои од проектите за вештачка интелигенција на Airbnb, според Airbnb, пишува Seebiz.

Ко-основачот на GamePlanner.AI е Адам Чејер, еден од основачите на Сири. Кога Сири беше купен од Apple, тој работеше заедно со Стив Џобс. Чејер подоцна ја основаше Viv Labs, која ќе стане основа за гласовниот асистент на Samsung.

Извршниот директор на Airbnb, Брајан Чески, рече дека генеративната вештачка интелигенција радикално ќе ја промени платформата и дека сака да ја користи како „чувар на патувања“ што учи за корисниците со текот на времето и ги подобрува нивните искуства од патувањето – на пример, со поврзување на корисниците со соодветните соби или домови.