Акциите на Nvidia повторно скокнаа

15

На Волстрит индексот S&P 500 порасна, благодарение на растот на цените на акциите на технолошките компании, додека Dow Jones падна, по пет дена раст. Индексот Dow Jones загуби 0,76 отсто, на 39.112 поени, додека S&P 500 порасна за 0,39 отсто, на 5.469 поени, а Nasdaq 1,26 отсто, на 17.717 поени.

Растот на индексите S&P и Nasdaq е благодарение на закрепнувањето на цените на акциите на технолошките гиганти, особено на производителите на чипови, по падот од претходните денови.

Меѓу најголемите добитници беше акцијата на Nvidia, чија цена скокна за речиси 7 отсто, откако падна за 13 отсто во претходните три дена.

Значително пораснаа и цените на акциите на другите технолошки гиганти, како што се Alphabet и Meta Platforms, за повеќе од 2 отсто. Бидејќи зад тоа нема значајни вести, станува збор, велат аналитичарите, за вообичаеното разубавување на портфолиото кон крајот на кварталот.

И додека технолошкиот и комуникацискиот сектор вчера пораснаа, трговскиот сектор значително падна. Тоа го притисна Dow Jones, кој загуби дел од своите добивки од претходните пет дена. На европските берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,41 отсто, на 8.247 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,81 отсто, на 18.177 поени, а париски CAC за 0,58 отсто, на 7.662 поени.