Азија ќе троши половина од електричната енергија во светот до 2025 година

88

Во 2025 Азија ќе троши половина од вкупната електрична енергија во светот, додека Африка троши многу помалку земајќи предвид колку население брои во светската популација, се наведува во објавената прогноза на Меѓународната агенција за енергија (IEA).
Најголем потрошувач во Азија ќе биде Кина чиј удел во потрошувачката на електрична енергија се очекува да порасне за една четвртина од износот во 2015 година.

Садамору, директорот на енергетскиот пазар и обезбедување на ИЕА, изјавил дека Кина ќе троши повеќе електрична енергија од ЕУ, САД и Индија заедно.

Наспроти тоа, во Африка во која живее една петина од светското население, глобално гледано ќе троши само три проценти електрична енергија во 2025 година.

Годишниот извештај на ИЕА предвидува дека нуклеарната енергија и енергијата од обновливи извори како што се ветерот и сонцето ќе биде извор на поголемиот дел на растот на меѓународните ресурси на електрична енергија во наредните три години и ќе спречи значаен пораст на емисијата на гасови во производствениот сектор, се додава во соопштението.

Научниците истакнуваат дека е потребно да се направат промени колку што е можно побрзо со цел да се задржи просечниот раст на глобалната температура од 1,5 степени Целзиусови.
Тоа како цел е поставено во Парискиот климатски договор од 2015 година, но планетата веќе се загреала за 1,1 степен во споредба со прединдустрискиот период.
Надеж дека целта ќе се исполни е промената на користењето на фосилни горива со извори на енергија кои не произведуваат јаглерод диоксид.
„ Додека некои региони ја намалуваат употребата на јаглен и гас за производство на електрична енергија, во други потрошувачката се зголемува“, наведено е во извештајот на ИЕА.

Во извештајот е исто нагласено дека потрошувачката и снабдувањето со електрична енергија се повеќе зависат од временските прилики и тоа е проблем со кој треба да се позанимаваат креаторите на политиките.