Банките, штедилниците, менувачниците… продолжуваат да работат и по прогласување вонредна состојба

77

Од Народна банка информираат дека и по прогласувањето на вонредна состојба, финансиските институции за коишто Народната банка е надлежен регулаторен и супервизорски орган (банки, штедилници, менувачници и правни субјекти коишто даваат услуга брз трансфер на пари) продолжуваат да работат и да ги извршуваат своите клучни функции, со што нивните услуги и натаму ќе бидат достапни.

“Како што веќе известивме, ние сме во постојан контакт со овие финансиски институции и тие се подготвени да ви ги овозможат нивните услуги и во вонредни околности“, стои во соопштението.

Фото: Pexels