Бесконтактно плаќање и поврат на средства со дебитните картички на Комерцијална банка

114

kreditni karticki

Со картичките на Комерцијална банка отсега може да се плаќа на најсовремениот начин, а тоа е –  бесконтактно и за само една секунда, се вели во соопштението на банката.

Бесконтактниот начин на плаќање, брзо, едноставно и безбедно со картичките на Комерцијална банка е овозможен за секоја поединечна трансакција до 750 денари. За секоја трансакција над 750 денари ќе треба да се внесе ПИН кодот. Овој начин на плаќање е совршен за мали набавки и помага да се намалат редовите пред касите, бидејќи целата трансакција трае само неколку секунди.

Во моментов, бесконтактното плаќање е овозможено со картичките Debit MasterCard дебитна картичка и Visa Electron дебитна картичка на Комерцијална банка.

Покрај останатите, голема предност на Debit MasterCard World дебитната картичка за физички лица е тоа што овозможува поврат на средства при купување во трговија (cash back), и тоа – за промет во трговија до 10.000 денари месечно – 0,4% од остварениот промет, а за промет во трговија над 10.000 денари месечно – 0,6% од остварениот промет.

Пресметката на повратот на средствата се врши на месечно ниво, а се исплаќа во вид на подарок – картичка, во моментот кога ќе се акумулираат 1.000 денари. Повратот на средства не е достапен за бесконтактните трансакции.

Постарите верзии од наведените картички што не ја содржат бесконтактната технологија, можат без надомест да бидат заменети во експозитурите на Комерцијална банка.

Бесконтактното плаќање функционира на посебно означени продажни места кои се опремени со оваа современа и безбедна технологија. Бројот на ваквите продажни објекти во Македонија и во светот веќе е голем, но и постојано се зголемува.

Бесконтактната технологија е базирана на глобални стандарди за безбедност. Називот PayPass го користат MasterCard бесконтактните картички, додека истата технологија кај Visa бесконтактните картички се нарекува PayWave.