БХ Телеком ќе се приватизира

16

bh telecomВо Босна и Херцеговина се подготвува приватизација на БХ Телеком и на двете електростопанства. Акциите на овие три компании што се во мнозинска сопственост на државата, според планот би требало да се продаваат на берза.

Во БХ Телеком и двете електростопанства, Владата на Федерацијата на БиХ има по 90% сопственост. Во првата фаза е планирано во текот на 2013 година да почне продажба до 5% акции од овие претпријатија, додека за продажба на останатиот дел на државен капитал треба да се изработи студија на издржливост. За толку мала количина на акции, без оглед на поголемата можност за шпекулации на пазарот, берзата е најприфатлив модел, велат од Агенцијата за приватизација на Федерацијата.

Но, за планот за приватизација за секој поединечен случај согласност треба да дадат и ресорните министерства.

За електростопанствата, според Законот за електрична енергија, согласност освен Владата, мора да даде и Парламентот на Федерацијата.

“Ставот на министерството беше дека во оваа фаза на реструктуирање на енергетскиот сектор во целиот регион не треба да се оди во приватизација на електростопанствата, па затоа нема да го поддржиме таквиот план за приватизација”, изјави министерот за енергетика, рударство и индустрија, Ердал Трхуљ за ФТВ.