БиХ извезува оружје во 38 земји во светот

5

proizvodstvo na oruzje

Вкупната вредност на реализираниот надворешно трговски промет со оружје, воена опрема и стока за двојна и посебна намена во Босна и Херцеговина во 2014 година достигна околу 247 милиони евра, пишува Независне новине.

Минатата година се издадени 136 дозволи за извоз во 38 земји во светот, а 97 доволи за увоз на стоки од 26 земји. Во текот на 2013 година се издадени 127 дозволи за извоз во 39 земји.

Вкупната вредност на реализиран надворешно трговски промет со оружје, воена опрема и стока за двојна и посебна намена во БиХ во 2013 година избесува 81.883.398 евра.