Бројот на туристи намален за 41,7% во февруари

35

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2021 година изнесува 27.569, а бројот на ноќевањата изнесува 60.013.

Бројот на туристите во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, е намален за 41,7%, а бројот на ноќевањата е намален за 36,8%.

Бројот на домашните туристи во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, е намален за 10,4%, а бројот на странските туристи е намален за 60,2%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, е намален за 14,8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 52,1%.

Во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 45,7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 11,3%, а кај странските има намалување за 65,4%.

Во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 38,9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 15,1%, а кај странските има намалување за 56,4%.

Фото: Pixabay