Дали е фер оние кои се вработени и имаат деца да имаат повеќе привилегии од колегите без деца?

61

Во моментот кога поради пандемијата беа затворени училиштата и градинките, родителите мораа да бараат начин како да ги усогласат приватните со професионалните обврски, а бројни компании од ИТ секторот им понудија помош на своите вработени, како што се привилегии и дополнителни слободни денови за родителите.

Не помина многу време, па вработените кои немаат деца почнаа да си го поставуваат прашањето – а, ние?

На состанок во Facebook, еден од вработените се пожалил дека мерките што се донесе поради пандемијата се пред сè “во користи на родителите“. Неодамна на форум е забележана расправија меѓу двајца колеги, од кои оној кој нема деца го обвинил другиот колеги, кој земал слободни денови за да се грижи за детето, дека не работи доволно.

Кога компанијата Salesforce соопшти дека на вработените кои се родители ќе им даде шест недели платено отсуство, поголемиот дел од вработените аплаудираа, но еден менаџер, наведува дека две вработени кои немаат деца, ќе ја тужат компанијата, бидејќи правата на родителите се на прво место.

Компанијата на различни начини се обидува да им помогне на своите вработени, но оние без деца се чувствуваат дека се обезправени. Од нив, како што се наведува, се бара да го понесат потешкиот дел од товарот на работата. Во исто време, родителите се фрустрирани што нивните колеги не ги разбираат и не сфаќаат колку е тешко да се балансира меѓу работата и грижата за детето, посебно кога училиштата се затворени, па мора и да учат со нив.

Во март вработените во Facebook, кои имаат деца, добија 10 платени недели отсуство, но истата мерка важеше и за оние кои се грижат за постар член од семејството кој не е згрижен во дом за стари лица. И Google и Microsoft понудиле слични привилегии, но ги вклучиле и луѓето кои се грижат за некој близок кој е болен.

Над 2.000 вработени ѝ поставиле прашање на генералната директорка на Facebook, Шерил Сендберг, што направила компанијата за да ги поддржи оние вработени кои немаат деца, бидејќи сите одлуки биле во корист на нивните колеги кои имаат деца.

Таа не се согласила со тоа и додала дека секој вработен во компанијата добил бонус којшто бил поголем од вообичаено, како и дополнителни 1.000 долари за работа од дома. Потоа од Facebook соопштиле дека сите вработени ќе може да земат по три слободни денови и тоа без лекарско уверение. Понудиле и еден месец платено отсуство на сите оние кои имаат член од семејството кој е болен. Исто така, сите вработени ќе добијат неограничен број на денови за боледување и најмалку три недели платен одмор.

Тензиите меѓу колегите најверојатно се последица од тоа што мерките не се добро објаснети, смета Ерин Кели, професорка на Институтот за технологија Масачусетс.

“Прашањето што би требало да им го поставиме на колегите кои се чувствуваат фрустрирано е: што мислите дека ќе се случи доколку вашиот колега би морал да даде отказ? Токму тогаш ќе мора да работите многу повеќе“, смета таа, пренесува New York Times на српски јазик.

Фото: Freepik