Дали “фрлање пари од хеликоптер“ е лек за економијата

203

Пред неколку години, челниците на Европската централна банка сериозно размислуваа за “фрлање пари од хеликоптер“, како план за заштита на проблематичните економии во Европа и пошироко. Бидејќи цените на стоките и услугите паѓаат, работодавците веќе не можат да си дозволат да ги задржат платите на исто ниво, така што се случуваат отпуштања и намалувања на платите, принудувајќи ја економијата да бележи пад. Едно решение за проблемот со дефлацијата е “пари со хеликоптер“, концепт што прв го понуди економистот Милтон Фридман во 1969 година.

Според Фридман, централните банки секогаш можат да одржат здрав раст на понудата на пари, бидејќи тие секогаш имаат можност за печатење на банкноти и фрлање пари од хеликоптер кон гладната економија. Постојат неколку модели за да се искористат најголем дел од таквите пари, од кои наједноставна е распределбата на фиксна сума на пари на сите граѓани, на пример, 500 евра на сите во ЕУ или 100 евра како што најави Србија дека ќе добие секој граѓанин земјата.

Пари од хеликоптер е неконвенционална монетарна политика, којашто понекогаш се предложува како алтернатива на квантитативното олеснување (QE – кога централната банка купува државни и корпоративни хартии од вредност за поддршка на економијата кога е во слабост со ликвидноста).

Вонредните времиња бараат вонредни мерки. Поради пандемијата на коронавирус, САД, ЕУ и Германија одобрија заеми и помош милијарди евра и долари.

На ,  втори март, Организацијата за соработка и развој (ОЕЦД) ја опиша епидемијата на вирусот Ковид – 19, којашто во меѓувреме стана пандемија, како најголема закана за глобалната економија од финансиската криза во 2008 година.

Секако, не станува збор за буквално фрлање на пари од хеликоптер, туку  Европската централна банка би можела да префрли на сметките на граѓаните за да ја зголеми побарувачката и инфлацијата.

Во 2016 година, економистите на Deutsche Bank заклучија дека парите од хеликоптер може да бидат значително поефикасна мерка од традиционалните монетарни и фискални политики.

Фото: Pixabay