Дали откажувањето од патентот на вакцините ќе го спаси светот?

18

Една година откако коронавирусот е прогласен за глобална пандемија, а светските фармацевтски компании ја почнаа трката за пронаоѓање вакцина против болеста, се појави спор околу заштита на нивната интелектуална сопственост.

Бидејќи тоа значи поскапување на вакцините и може да го ограничи пристапот до нив, сè погласни се повиците компаниите привремено да се откажат од тие права, пренесува агенцијата Хина.

Јонас Салко, креато на вакцината против детска парализа, кога новинарите во 1955-та година го прашале кој е сопственик на патентот на неговата вакцина, тој одговорил “Народот, би рекол. Нема патент, кој може да го патентира Сонцето?“.

Денес, кога бројот на жртви од пандемијата достигна три милиони, прашањето за патент на вакцините се претвори во еден од најжешките расправи во светот.

Првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Гебресиус ги повика земјите и фармацевтските компании да се откажат од заштитата на интелектуална сопственост за да може целиот свет подеднакво да се избори со пандемијата.

Според досегашните анализи, 49% од досега произведените дози на вакцини се аплицирани на Западот, каде што живее само 16% од светската популација.

Јужна Африка и Индија се првите земји во светот што повикаа на откажување на патентите за вакцини, од тогаш им се приклучија уште 18 земји во развој и здруженија.

Земјите што произведуваат вакцини, како што се Велика Британија, земјите членки на ЕУ, Швајцарија и САД ги блокираат тие настојувања бидејќи со плаќање на интелектуална сопственост се овозможуваат истражувања и иновации и се штитат од дупликати со лош квалитет.

Фото: Pexels