Дефицитот на работна сила во Германија е поголем предизвик од инфлацијата

103

Недостигот на квалификувана работна сила, и покрај проблемите со инфлација и прескапата енергија, е најголемиот предизвик за средните компании во Германија, според Институтот за мали и средни претпријатија (IfM).

Повикувајќи се на анкета на повеќе од 1.000 менаџери во текот на јули и август, IfM наведува дека 36 отсто од нив како најголем предизвик го навеле се поизразениот дефицит на квалификувани работници.

На второ место е предизвикот на климатските промени и одржливоста со 28,2 отсто, пред снабдувањето со енергија со 22,9 и дигитализацијата со 14,9 отсто. Инфлацијата и енергетската криза го зазедоа само петтото место во истражувањето, со 12 отсто.

„За време на нашата анкета, испитаниците јасно одговорија на прашањата за кризата и инфлацијата, но проблемот со недоволниот број квалификувани работници и демографските промени сепак беа опишани како најголем предизвик“, рече Анет Ајкс од IfM.

Некои од анкетираните компании веќе го опишуваат проблемот со недостигот на нови вработени како клучно прашање за опстанок на бизнисот.